Играчот на Хоризонт Турново, Дејан Блажевски најверојатно кариерата ќе ја продолжи во сплитски Хајдук. Според пишувањата во хрватскките медиуми работата со Блажевски веќе е договорена и треба раководството на клубот и тренерот Игор Тудор да дадат „зелено светло“.
Хајдук во последно време е во тешка финансиска ситуација што е редовно пречка за реализација на посакуваните засилувања.
Блажевски е тип на играч каков му недоставува на тимот од Сплит, особено што пофални зборови за македонскиот фудбалер искажа и тренерот на „били“ Тудор, на прес конференцијата по реваншот одигран во Скопје меѓу Хоризонт Турново и Хајдук.