Македонскиот пливач Марко Блажевски денеска ќе го има својот настап на Олимписките игри во Рио. Тој попладнево ќе плива во квалификациите на 200 метри мешано во првата од четирите групи. Во оваа дисциплина се пријавени 31 пливач. Стартот на трката е во 19:09 часот по македонско време (14:09 часот по локално).
Блажевски на Игрите е пријавен со време 2:03.66 минути, а на 15.јули во Гринсборо исплива нов македонски рекорд 2:02.98 минути со што го подобри и сопствен рекорд.
За Блажевски ова е втор настап на Летни Олимписки игри откако претходно во Лондон 2012 година пливаше на 400 метри мешано и го освои 34.место.