Битола се подготвува за вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар

Од:

Вечното фудбалско дерби меѓу фудбалските клубови „Пелистер“ и „Вардар“ кое ќе се одигра на стадионот под Тумбе Кафе во Битола беше повод за денешната заедничка прес-конференција на градоначалникот Владимир Талески и управата на ФК „Пелистер“ кои апелираа в недела да има празник на фудбалот.

Во пресрет на големиот спортски настан градоначалникот Талески посочи дека проектот „Битола спортски град“ се остварува во секој поглед и тоа ќе биде потврдено на неделното дерби меѓу „Пелистер“ и „Вардар“ кое се очекува да го следат вистинските љубители на спортот.

– Нашиот ФК „Пелистер“ го пречекува ФК „Вардар“ како првопласиран на табелата и тоа е важен спортски момент. Ние како 100 процентен акционер во клубот сметаме дека овој успех и резултат се должи на врвната работа во клубот и затоа ФК „Пелистер“ е најдобар во Македонија. Убеден сум дека в недела ќе има многу посетители и настан во кој ќе победи спортот, истакна Талески.

Фудбалскиот клуб „Пелистер“ максимално се подготвува за организација на претстојниот фудбалски натпревар, а доколку во Битола допатуваат навивачите на ФК „Вардар“ тие ќе бидат домаќински прифатени, посочи спортскиот директор на клубот Миле Димов.

– Иако немаме потврда дали ФК „Вардар“ организирано ќе донеси свои навивачи во Битола, ние како управа сме подготвени да ги пречекаме затоа што сме сигурни дека натпреварот ќе мине во спортски амбинет и атмосфера. Како домаќини, гостите ќе ги пречекаме и испратиме како што доликува на нашиот клуб со традиција, истакна Димов.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска