Општина Битола додели финансиска помош во висина од 3,5 милиони денари за фудбалскиот клуб „Пелистер“ кој се натпреварува во Првата фудбалска лига.
„Со новиот општински Буџет кој го усвои Советот на општина Битола обезбедивме околу еден милион евра за поддршка и развој на спортот и културата во градот. Според нашата програмата за спорт на ФК „Пелистер“ им доделивме 3,5 милиони денари и верувам дека тоа ќе помогне да се исплатат побарувањата кон играчите како и за други потреби на клубот, пред се успешните пролетни подготовки на ФК „Пелистер“ за кој има интерес за вложување од домашни и бизнисмени од Турција“, истакна градоначалникот на Битлола, Владимир Талески.