Билапс ја заврши кариерата

Од:

Чонси Билапс, еден од најдобрите бекови во НБА лигата во изминатата деценија, по 17 години реши да стави крај на професионалната кариера. Поради повредите, Билапс, во изминатите три сезони одигра само 60 натпревари.

Кариерата, одличниот бек, ја заврши онаму каде што ги пружи своите најдобри игри, во екипата на Детроит Пистонс, тим со кој во 2004 година го освои шампионскиот прстен.

„Знам дека е време да заминам. Јас сеуште сакам да играм, но не можам да го игнорирам фактот дека не сум здрав веќе три години. Кога не можеш да играш онака како што посакуваш тогаш знаеш дека е време за заминување“, рекол Билапс, човек кој во 2004 година беше прогласен за МВП на финалната серија.

Чонси Билапс во НБА лигата влезе како трет пик на драфтот избран од страна на Бостон Селтик, но поради несогласувањата со тренерот Рик Питино по две години се пресели во Торонто Репторс.

Потоа за кусо време промени три тима Денвер Нагетс, Орландо Меџик и Минесота Тимбервулс, за себеси да се пронајде во тимот на Детроит Пистонс.

Во Детроит стана познат по превземањето на одговорноста во клучните моменти поради што го доби прекарот „Mr. Big Shot“. Детроит го предводеше до шест конференциски финалиња и две големи финалиња во НБА лигата, од кои едно во 2004 година беше успешно.

По Детроит, Билапс, играше за Њујорк Никс и ЛА Клиперс, а минатата сезона се врати меѓу Пистонси.

Билапс кариерата ја заврши како петкратен „Ол Стар“ играч, со просечни 15,2 поени, 5,4 асистенции и 2,9 скока по натпревари.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите