Бесплатен влез за дуелот на МЗТ Скопје со Нижни Новгород

Од:

Управата на МЗТ Скопје Аеродром како благодарност за поддршката која ја имаа сино-белите кошаркари во вчерашната победа над Будуќност, донесе одлука за бесплатен влез за сите на задутрешниот дуел против рускиот тим Нижни Новгород, кој со почеток во 19 часот ќе се одигра во салата „Јане Сандански“.

Тоа е меч од 9. коло од Еврокупот, кој воедно е последен дуел за „сино-белите“ на домашен терен во ова елитно натпреварување.

– Тоа е само дополнителен мотив за отворање на вратите од спортскиот центар. Воедно, би сакале да ги повикаме сите наши навивачи и симпатизери да дојдат на средбата во среда и да им помогнат на избраниците на тренерот Анте Назор да ја забележат првата победа во Еврокупот. Прикажаната енергија и начинот на кој беше одиграна средбата против Будуќност дава надеж дека доаѓаат подобри денови за МЗТ Скопје Аеродром, но и покажа дека секогаш е многу полесно кога се има ветер в грб од трибините. Затоа, задутре, сите патишта нека водат кон „Јане Сандански“ и со заеднички сили да пробаме да го совладаме силниот гостин од Русија, соопштија од таборот на македонскиот шампион.

МЗТ Скопје Аеродром на досегашните шест натпревари од А групата во Еврокупот е без победа, додека Нижњи Новгород има половичен ефект од три победи и исто толку порази.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он