Шефот на Формула 1 натпреварувањето Берни Еклстоун се закани дека ќе го тужи Ред Бул ако тимот не најдат снабдувач на нови мотори што ќе значи нивно напуштање на мото спортот.
Ред Бул веќе ја прекина соработката со Рено бидејќи се незадоволни од нивните мотори. Останува нејасно со какви мотори ќе се натпреварува екипата идната сезона ако се има предвид дека договорот на Ред Бул со Формула 1 е со важност до 2020 година.
– Ред Бул можат да излезат и да кажат дека немаат мотор, но мојот аргумент ќе биде дека кога потпишувале договор, требало да бидат сигурни дека ќе се натпреваруваат и дека ќе имаат квалитетен снабдувач со мотори, изјави Еклстоун.
Австрискиот тим се обиде да се договори со Ферари и Мерцедес но и двете компании му одговорија дека не можат да гарантираат дека ќе му ги овозможат најдобрите мотори со кои и самите се натпреваруваат што значи дека Ред Бул би добил мотор со послаби перформанси.