Берни Еклстон ослободен од обвинувањето за мито откако плати 100 милиони долари

Од:

Суд во Минхен денеска го ослободи британскиот милијардер и сопственик на трките во Формула 1, Берни Еклстон од обвинувањата за давање потпкуп, откако обвинетиот и неговите адвокати постигнаа договор со германското Јавно обвинителство.

Со договорот Еклстон (83) треба да да плати 100 милиони долари, со цел да биде затворен судскиот процес против него што започна во април годинава. Ваквата „спогодбена пресуда“ е законска, затоа што е предвидена со германскиот закон.

Британецот беше обвинет за корупција затоа што му дал 33 милиони евра мито на германскиот банкар Герхард Грибковски, за да овозможи една компанија што ја фаворизирал Еклстон, да ги купи пакетот слободни акции на Формула 1.

Еклстон и пред судењето и во текот на процесот ги отфрлаше обвинувањата, тврдејќи дека не сторил ништо лошо и противзаконско.

Ваквиот расплет на судскиот процес во Минхен значи дека британскиот милијардер е ослободен од сите обвинувања за корупција и ќе може и натаму да управува со компанијата која му овозможи да биде еден од најбогатите луѓе во Велика Британија.

Според американското списание „Форбс“, Берни Еклстон е дванаесети на листата на најбогатите Британци со лично богатство кое се проценува на 4,2 милијарди долари.

За истиот овој случај, германскиот банкар Грибковски во 2012 година беше осуден на 8,5 години затвор.

Поранешниот министер за правда на Германија, Сабине Летхојзер-Шнаренебергер ја критикуваше одлуката на судот во Минхен.

За неа, тоа е случај во кој се злоупотребува „дупката во германскиот закон“, која се покажа дека им „овозможува на богатите да бидат ослободувани од обвинувањата за корупција, додека оние кои немаат пари остануваат во затвор“.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он