Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Бернардо Силва, има намера да ја промени клупската средина.
Дваесет и седумгодишниот репрезентативец на Португалија сака да продолжи со кариерата во Шпанија за да биде поблиску до своето семејство.
Според „Тајмс“, Барселона понудила размена на играчи, но Сити одбиле бидејќи премиерлигашот е заинтересиран само за продажба на Силва.
Атлетико исто така има желба во своите редови да го види Силва, но за такво нешто, клубот од Мадрид прво мора да продаде еден од своите играчи.