Чешкиот тенисер Томаш Бердих (6.носител) последен се пласира во второто коло на Вимблдон во машка конкуренција.
Неговиот меч со Французинот Жереми Шарди синоќа заврши околу 21.30 часот по локално време, но организаторот сепак се реши тенисерите да го доиграат четвртиот сет иако триесетина минути порано поради прописите беа прекинати два меча во женска конкуренција.
Бердих кој водеше со 2:1 во сетови успеа да го добие тај-брејкот во четвртиот сет со 7:5 на поени и со тоа да има ја олесни и работата на организаторите.
Вчерашните мечеви не донесоа некоја поголема сензација, па така фаворитите успешно го елиминираа своите ривали. Љубителите на тенисот во следната рунда ќе можат да ги гледаат: Рожер Федерер, Енди Мареј, Рафаел Надал, Жо Вилфред Цонга, Жил Симон, Иво Карловиќ.