Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во второто коло на Австралија опен, која денеска на стартот на турнирот во Мелбурн ја совлада Германката Ела Сеидл со 6:0, 6:1.
Натпреварот траеше само 53 минути, а Белорусинката загуби само еден гем од својата ривалка. Во второто коло Сабаленка ќе игра против Чехинката Бренда Фрухвиртова која со 2:6, 6:4, 6:3 ја совлада Романката Ана Богдан.
Сабаленка ја брани титулата на Австралија опен, откако минатата година во финалето ја совлада Казахстанката Елена Рибакина со 4:6, 6:3, 6:4.