Бекер за дисквалификација на Ѓоковиќ: Можеби ова е најтешкиот момент во неговата кариера

Од:

Шесткратниот освојувач на Грен слем турнирите и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, ја прокоментира неговата дисквалификација од УС Опен.

– Јас сум исто шокиран како и останатите. Јас и Новак имаме своја историја, се сметаме за семејство. Ова е можеби најтешкиот момент во неговата кариера. Тој навистина ги прекрши правилата и одлуката за дисквалификација беше правилна.

За среќа, таму немаше гледачи, но тој навистина има навика понекогаш да испраќа топки кон трибините. И поради ова, незадоволството растеше. Тој беше во најдобра форма во целата своја кариера, не загуби од никого и самоуверено отиде по 18. титула на Грен слем турнир. Но, с е изгубено, и сега тој си оди дома, изјави Бекер.

Новак Ѓоковиќ пред два дена беше суспендиран од Грен-слемот во Њујорк, откако со топче, ненамерно удри една линиска судијка.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ