Бекам сака да ги спои Де Брујне и Меси во Мајами

Од:

Дејвид Бекам, сопственикот на Интер Мајами, сака да ги обедини Лионел Меси и Кевин де Брујне.

Како што пренесува шпанскиот „Мундо Депортиво“, поранешниот англиски фудбалер повторно го насочил вниманието кон белгискиот ветеран, кој сега е многу позаинтересиран за преселба во Соединетите Американски Држави отколку претходно.

Интер покажа интерес за Де Брујне кога тој одлучи да го напушти Манчестер Сити, но тогаш тој се одлучи за Наполи.

Сепак, приказната сега повторно се актуелизираше, а американскиот клуб ги поседува таканаречените „права за откривање“ (discovery rights) во МЛС, односно ексклузивно право први да преговараат со Де Брујне. Токму затоа тие имаат предност пред сите други американски клубови кои исто така се заинтересирани.

Сепак, се прашува и Наполи, клуб со кој Белгиецот има договор за уште една година.

Интер Мајами веќе го доведе Касемиро ова лето. Со ангажирањето на Де Брујне, покрај Лионел Меси и Луис Суарез, Бекам би собрал друштво „ветерани“ во Мајами.

Би можело да ве интересира

Моментот што ја промени фудбалската историја – на денешен ден Меси дебитираше за Барселона

А1он

Меси: Марадона нè поддржуваше на секој чекор, дури и од небото

А1он

(ВИДЕО) Величествено збогување со најголемиот: Аргентинците го испратија Меси во солзи

ФИФА откри неверојатен податок за Меси и Аргентина

Лионел Меси стана сопственик на уште еден фудбалски клуб

А1он

(ВИДЕО) Феноменален гол на Меси од слободен удар

А1он