Бекам бара тренер за својот тим, Зидан една од опциите

Од:

Зинедин Зидан бил поканет од својот поранешен соиграч Дејвид Бекам да го преземе неговиот нов клуб Интер (Мајами), тврди „Мирор“. Предметниот тим ќе се вклучи во првенството на МЛС лигата од 2020 година, но Бекс веќе размислува за ментор.

Во моментов Зизу се одмора, откако го напушти Реал Мадрид, каде освои три последователни титули во Лигата на шампионите. Големи се сепак шансите францускиот стратег да биде поканет да го замени Жозе Мурињо, ако тимот од „Олд Трафорд“ продолжи со неубедливите игри.

Инаку, клубот на Бекам уште нема стадион, но веќе има план да се изгради.

Пред неколку дена излегоа шпекулации дека тимот од Флорида го сака и Лионел Меси во својот состав.

Би можело да ве интересира

Зидан би можел да седне на клупата на Ливерпул

Бекам го брани контроверзниот договор со Катар: Фудбалот може да биде сила за добро во светот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бекам ја бакнува ќерка си во уста, неговите обожаватели шокирани

А1он

Два клуба од МЛС сакаат да го ангажираат Суарез

Ана Ололовска

Реал: Му благодариме на Зидан за посветеноста кон нашиот клуб

Ана Ололовска

Бекам: Невил ја заслужи тренерската работа во Интер

Ана Ололовска