Герет Бејл, најдобриот фудбалер на премиерлигашот Тотенхем останува во Лондон и покрај шпекулациите дека во летниот преоден рок ќе го засили Реал Мадрид.
Англиските медиуми јавуваат дека пресудно за ваквиот исход околу фудбалската иднина на Бејл е неделната плата во Тотенхем која ќе изнесува 150 илјади фунти.
Според новиот договор, Бејл ќе може да го напушти Тотенхем дури на карјот на идната сезона, доколку заинтересираниот клуб плати оштета од 60 милиони евра.
Велшкиот репрезентативец годинава беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата. Забележа 44 настапи и постигна 26 голови во дресот на Тотенхем.