Велшкиот ас во редовите на Тотенхем, Герет Бејл, и холандскиот напаѓач на Манчестер јунајтед Робин ван Перси ја предводат листата на кадидати при изборот за најдобар фудбалер во Премиерлигата.
Покрај нив, на неа се наоѓаат и Луис Суарез од Ливерпул, двоецот на Челзи, Еден Азар и Хуан Мата, и други.
Според написите на повеќе медиуми на Островот, најголеми шанси за освојување на престижното признание му се даваат на одличниот велшки офанзивец на Тотенхем Герет Бејл. Името на лауреатот ќе биде објавено на гала вечерата во Лондон кон крајот на месецов., на која ќе биде објавен и победникот во категорија на најдобар млад играч во Премиер лигата.
Лани наградата ја освои Холанѓанецот Робин ван Перси, кој во дресот на Арсенал постигна 30 гола и 14 асистенции. Оваа година за Јунајтед постигна 21 погодок и 13 асистенции.