Екипата на Тотенхем повторно стигна до победа, а најзаслужен беше Герет Бејл, кој на уште еден натпревар постигна два гола, а решавачкиот во последната минута. Тотенхем во последниот натпревар од 27. коло одигран синоќа го победи градскиот лондонски ривал Вест Хем на негов терен со 3:2.
Освен Бејл кој погоди во 13.та и 90.та минута, гол за „спарси“ постигна и Гулфи Сигурдсон (76.минута).
За домаќините стрелци беа екс играчите на Ливерпул Енди Керол (25.минута – пенал) и Џо Кол (56.минута).
Со оваа победа Тотенхем изби на третото место на табелата со 51 бод, зад Манчестер Јунајтед со 68 бодови и Манчестер Сити со 56.
Вест Хем остана на 30 бодови и на 14 место.