Белгија дојде до третата победа во групата „Х“ од исто толку натпревари, со што со максимален учинок патува во осминафиналето, во нокаут фазата од Мундијалот.
Единствениот погодок на мечот кој се одигра на арената „Коринтијанс“ во Сао Паоло го постигна Вертонген во 77-та минута од мечот за голема самодоверба на Bелгијците во пресрет на осминафиналето во кое Белгијците ќе играат против Соединетите Американски Држави.