Базел го откажа концертот на познатиот рапер на својот стадион, бидејќи не „ги делат вредностите на клубот“

Од:

Швајцарскиот фудбалски клуб ФК Базел го откажа планираниот концерт на Канје Вест, велејќи дека раперот не се вклопува во „вредностите“ на клубот.

Вест требаше да настапи во јуни на стадионот на клубот „Санкт Јакоб-Парк“, домот на 21-кратниот шампион на Швајцарија, но клубот сега вели дека по „темелна проверка“ тоа повеќе не е во план.

Во изјава за „Атлетик“, портпарол на Базел коментираше:

„Во принцип, ФК Базел е многу заинтересиран да го користи „Санкт Јакоб-Парк“ повеќе за концерти и настани во иднина и внимателно ги разгледуваме таквите барања. И во овој случај, клубот го прими барањето и го разгледа. Сепак, по темелна проверка, решивме да не продолжуваме со проектот, бидејќи во согласност со нашите вредности не можеме да обезбедиме платформа за дотичниот уметник во овој контекст“, изјавија тие.

Адидас, Баленсијага, Деф Џем, Вог, ЏП Морган и ГАП се меѓу компаниите што ги прекинаа врските со Вест во последните години.

На 7 април беше објавено дека настапот на 48-годишникот на Wireless, музички фестивал во Велика Британија, е откажан откако владата на земјата му забрани влез во Велика Британија на Вест.

Истиот ден, еден стадион во Полска го објави откажувањето на летниот концерт на Канје Вест. Порано оваа недела, музичарот го одложи концертот планиран за јуни во Марсеј, Франција, откако француското министерство за внатрешни работи соопшти дека размислува за забрана на настанот.

Во октомври 2022 година, The Athletic објави дека клубот од Премиер лигата, Борнмут, повеќе нема да ја пушта песната на Вест „Power“ пред натпреварите на стадионот „Виталити“ поради неговите испади.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јамајканец го изведе еден од најлошите пенали во историјата на фудбалот

А1он

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“