Батон ќе стартува прв за ГН на Белгија

Од:

Пилотот на Мекларен, Џенсон Батон, ја освои пол позицијата во пресрет на 12-та трка во првенството на Формула 1, ГН на Белгија, која во недела ќе се вози на патеката Спа Франкошамп.

Британецот до својата прва пол позиција по Монако во 2009 година, вкупно шеста во кариерата дојде со најбрзиот круг кој изнесуваше 1:47.573 минути.

Веднаш до Батон од првиот стартен ред трката ќе ја започне пилотот на Заубер, Камуи Кобајаши, вториот ред го комплетираа возачите на Вилијамс и Лотус, Пастор Малдонадо и Кими Раиконен.

Серхио Перез ја освои петтата позиција со што го комплетира одличниот настап во квалификациите на тимот на Заубер, веднаш до него трката ќе ја започне лидерот во шампионатот Фернандо Алонсо.

Следуваат Марк Вебер на Ред Бул и Луис Хамилтон на Мекларен, со тоа што Вебер кој го смени менувачот ќе стартува пет позиции поназад. Разочарувачки квалификации имаше актуелниот светски првак Себастијан Фетел кој заврши на 11-то место.

Трката за ГН на Белгија, на патеката Спа Франкошамп ќе се вози во недела со почеток во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он