Барселона со многу отсуства за Кралскиот куп

Од:

Повредите на неколку клучни играчи и претставуваат голем проблем на Барселона, која на финалето на Кралскиот куп против Валенсија сака да го освои вториот трофеј оваа сезона по „Ла лига“.

Како што пренесува „КП“, тренерот на Каталонците Ернесто Валверде ќе има особено ограничување при изборот на нападот.

По Луис Суарез, кој е опериран во коленото, во финалето ќе отсуствува и Усман Дембеле, кој исто така е повреден, како и Кевин Принс Боатенг, кој нема да биде подготвен за овој натпревар.

Финалниот натпревар на „Копа дел Реј“ меѓу Барселона и Валенсија ќе се игра на 25 мај.

Би можело да ве интересира

Флик втор месец по ред е најдобар тренер во Ла Лига

А1он

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига

Ла лига: Барса нема да биде казнета за контроверзните исплати

Барди во тимот на колот во Ла Лига

А1он

Шпанската Ла Лига им предложи на фудбалерите да се тушираат дома

А1он

Шпанската Ла Лига ги продаде ТВ-правата за близу пет милијарди евра