Шпанската Ла Лига им предложи на фудбалерите да се тушираат дома

Од:

Раководството на Ла Лига им препорача денеска на фудбалерите на сите 42 екипи од првата и втората шпанска лига што помалку да ги користат соблекувалните и да се тушираат во своите домови или во хотелските соби веднаш по натпреварите, со цел да се сузбие ширењето на пандемијата на коронавирус која изминатите денови повтоно зема замав во земјата.

Ла Лига во својот нов правилник прецизираше дека играчите мораат секојдневно да се тестираат со брзи антигенски тестови при доаѓање на тренинг, клупските собири и лекарските прегледи за што на секој клуÐ ± дневно ќе му следуваат по 60 тестови. Предвидено е задолжително тестирање и за тренерите и леновите на клупскиот персонал, кои се во контакт со првите екипи.

Во Шпанија настапуваат двајца македонски репрезентативци – голманот на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски и играчот за врска на Леванте, Енис Барди.

Би можело да ве интересира

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига

Ла лига: Барса нема да биде казнета за контроверзните исплати

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски