Барди: И во Ерменија одиме на победа

Од:

Македонија синоќа го победи Лихтенштајн со 4:1 и се зацврсти на првата позиција на табелата во четвртата група од Лигата на нации. Пред „црвено-жолтите“ е извонредна шанса да се пласираат во плеј-офот, а тоа ќе можат да го сторат веќе за два дена на гостувањето во Ереван.

Играчот од средниот ред, Енис Барди најави атак на трите бода и на дуелот со Ерменија.

-Не застанува тука. Одиме на победа и во Ерменија. Оваа репрезентација има квалитет. Топа го покажавме и против Лихтенштајн. Иако победата е изразена со три голови разлика, не беше така лесно како што се добива впечаток од резултатот, рече Барди.

Македонските фудбалери имаат максимални три победи во групата од сегментот Д во Лигата на нации и се во серија од десет натпревари без пораз.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска