Поранешниот италијански репрезентативец Паоло ди Канио не е воодушевен од играта на Марио Балотели. Тој вели дека Балотели заслужува неколку шлаканици за своето однесување.
-Тој не игра за тимот, туку за себе, убеден дека сè се врти околу него, вели Канио.
Според него, ако некој заслужува пофалба, тоа е Антонио Касано. Тој бил вистински херој кој го предводел тимот до финалето.
Иако Балотели со два гола ја торпедираше Германија во полуфиналето, Ди Канио, вели дека тоа воопшто не е важно.
-Јас на тој натпревар видов само човек кој со душа чека судијата да отсвири крај на натпреварот за да ги прими честитките за постигнатите голови, ништо друго“, изјави Канио.