Бајиќ се запозна со потенцијалните сениорски репрезентативци

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ се запозна со потенцијалните сениорски репрезентативци. Малата сала на СЦ „Јане Сандански“ денес беше местото на првиот собир на кандидатите за влез во сениорскиот национален тим кој ова лето ќе учествува во претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023 година.

Бајиќ и неговите асистенти, Александар Јончевски, Адмир Прасовиќ и Александар Кукриќ, дочекаа вкупно 17 кошаркари.

На првиот тренинг работеа: Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка), Димитар Иванов (МЗТ Скопје Уни Банка), Андреј Андоновски (МЗТ Скопје Уни Банка), Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лејсон Зекири (МЗТ Скопје Уни Банка), Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009), Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија).

– На првата прозивка, беа присутни и Лука Савиќевиќ и Андреј Јакимовски, кои се рехабилитираат од повредите, а тренингот го проследи и Стојан Ѓуроски, кој исто така има здравствени проблеми, и неговото учество во претквалификациите, засега е ставено под знак прашалник, соопшти КФСМ.

Селекторот Бајиќ најави дека овие четири тренинзи, (ќе се тренира и во недела), ќе послужат за целосен увид во квалитетите, и моменталната форма на нашите млади репрезентативци, од кои најголем дел се веќе со ангажман во селекциите „под 18“ односно „под 20“ години.

– Сакав да ги видам сите кошаркари кои ги имаме моментално на располагање, а се дел од репрезентативните селекции. Во овие два дена, односно неколку тренинзи за да го дефинираме списокот на сите кошаркари на кои од нив би можел сметам за работа во сениорскиот национален тим. Веќе имав консултации со моите колеги кои се предводници на селекциите ‘Под18’ и ‘Под 20’ години. Сакав и го слушнав и нивното мислење, што секако многу ќе ми значи, особено во изборот на оние играчи кои ќе бидат дел и од сениорскиот тим. Односно дел од нив да биде и награден за вложувањата, за напорите и енергијата која досега ја вложиле во периодот на подготовките, изјави Бајиќ.

Спортскиот директор на федерацијата Тодор Гечевски им посака успешни подготовки и настапи на нашите млади кошаркари.

Скопје ќе биде домаќин на претквалификацискиот турнир за пласман во квалификациите за Светскиот Куп, кој од 12 до 18 август.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Перо Антиќ ќе биде претседател на КФСМ и во следните четири години

Катерина Ѓуровски

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Македонската кошаркарска федерација вечерва ќе ги додели признанијата за најуспешните

Ана Ололовска