Актуелниот селектор на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година и во следните две години ќе биде предводник на оваа селекција, информира на денешната прес-конференција Илчо Ѓорѓиоски, претседател на ФФМ.
– Задоволни сме од работата на Бабунски и резултатите кои ги постигна репрезентацијата во претходниот квалификациски циклус. Со него ќе потпишеме нов двегодишен договор, додека за селектори на останатите младински селекции има повеќе кандидати и за нив дополнително ќе биде одлучувано.
Од ФФМ информираат дека следната сезона во младинското фудбалско првенство границата се поместува за една година и на натпреварите ќе можат да учествуваат и фудбалери со 19 години. Досега границата беше 18 години.