Азар: Сари е стар човек, но ми се допаѓа неговиот фудбал

Од:

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар го пофали менаџерот на тимот Маурицио Сари и новиот додаток на лондонскиот тим Гонзало Игуаин.

„Поинаку е со Сари во споредба со Антонио Конте и Жозе Мурињо. Се справуваме добро. Ми се допаѓа неговиот тип на фудбал. Сари е одличен менаџер. Тој е стар човек (60 години), но начинот на кој тој мисли е ист како мојот во однос на фудбалот“, изјави Азар за „Тајмс“.

Тој потоа зборуваше за новиот член на „сините“, Гонзало Игуаин, кој пристигна зимава од Милан.

„Одиграв само два меча со Игуаин и знам дека можеме да постигнеме нешто големо заедно. Не само со него туку и со другите напаѓачи. Челзи не е само Игуаин и Азар, туку 25 играчи. Но Игуаин е фантастичен напаѓач. Тој мора да се прилагоди малку на англискиот фудбал, бидејќи тој е различен од Шпанија и Италија. Игуаин има богато искуство, бележел голови секаде кадешто играл“, заврши Белгиецот.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Челзи го претстави новото засилување

Предраг Петровиќ

Канте наскоро се враќа во Челси, ќе добие и продолжување на договорот