Азар: Да бидеш трениран од Сари е прекрасно нешто

Од:

Крилото на Челзи, Еден Азар, го изрази своето мислење за новиот менаџер на лондонскиот тим, Маурицио Сари. Италијанскиот тренер е на чело на шесткратниот носител на титулата во Англија од почетокот на оваа сезона, а белгиската ѕвезда на тимот се довери дека тимот се чувствува супериорно под водство на италијанскиот стратег.

Поранешниот шеф на Челзи, Антонио Конте доби доста негативни коментари за време на последната негова кампања на чело на „Стемфорд Бриџ“, а главната причина беше недоразбирањето што владееше во соблекувалната на „сините“. Сепак по пристигнувањето на Сари, хармонијата во соблекувалната настапила со полна сила.

– Да бидеш трениран од Сари е прекрасно нешто. Ние се обидуваме да ја задржиме топката и да ги пронајдеме важните одлуки во сложените моменти. Имаме добри играчи, а оние кои дојдоа како Жиру и Матео Ковачиќ се многу добри играчи. Сите сме среќни на теренот, изјави Азар за медиумите во Англија.

Тој потоа зборуваше за претстојниот натпревар во „Карабао Купот“ со Ливерпул, кој воедно е дерби на колото.

– Натпреварите со Ливерпул секогаш ве тераат да покажете повеќе и да се истакнете на теренот. Имаме надежи во двата дуели со нив, изјави освојувачот на бронзениот медал со Белгија од Светското првенство 2018 година.

Челзи гостува на Ливерпул во првиот натпревар за двата тима од Лига Купот на 26-ти септември (среда) од 20,45 часот, а три дена подоцна „црвените“ ќе возвратат на посетата на „сините“ на „Стемфорд Бриџ“ од 18,30 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи и го задржаа првото место во Премиер лигата

Палмер стана првиот играч во историјата на Премиер лигата со четири гола во првото полувреме

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда