Атлетски митинг за рекреативци во арената „Филип Втори“

Од:

Оваа сабота (21 април) во арената „Филип Втори“ во Скопје ќе се одржи вториот аматерски атлетски митинг „Скопје 2018“.

Како што велат од организаторите, овој атлетски митинг е наменет за сите оние што го сакаат трчањето, рекреативно се занимаваат со трчање и спорт, се подготвуваат за Скопскиот маратон или сакаат да ги проверат своите можности и брзина во некоја од предвидените дисциплини.

На аматерскиот митинг учесниците ќе може да се натпреваруваат во дисциплините на 100 метри, 400, штафета 4 по 400, една милја (1.600 метри), 5.000, 10.000 метри и скок во далечина. Секој заинтересиран може да се пријави за учество на митингот преку веб-страницата на „Прв до врв“.

Атлетскиот митинг ќе трае од 10 до 16 часот и е отворен за сите заинтересирани што сакаат да учествуваат. Тој е во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со Атлетската федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди