Атлетски митинг во Куманово

Од:

Околу 300 учесници учествуваа на Меѓународниот ателетски митинг што денеска се одржа на ателетскиот полигон во Куманово, во организација на Атлетската федерација на Македонија, Општинскиот сојуз на спортови и Атлетскиот клуб од Куманово. На митингот учествуваа 170 основци од градови од Македонија и од Бугарија, а се натпреваруваа и клубовите од Македонија.

Членовите на клубвите од Македонија и Бугарија се натпреваруваа во шест дисциплини – 60 метри машка и женска конкуренција, скок во далечина женска, скок во височина машка, 300 метри женска, 600 машка конкуренција. Годинава и рекреативците учествуваа во неколку дисциплини на атлетескиот митинг и особено атрактивна беше фамилијарната штафета на три по двеста метри трачање.

– Задоволни сме од нивото на организацијата, бројката на учесници и освоените медали, изјави тренерот на ателетскиот клуб од Куманово, Филип Колевски.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски ги додели наградите и медалите на учесниците. Атлетскиот митинг е традиционална манифестација која се одржува секој октомври, откако беше изграден атлетскиот полигон во Куманово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта