Барселона, 18 март 2019 (МИА) Натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид (0-2) од женската Ла Лига што се одигра вчера, е најпосетен женски фудбалски натпревар.
На дербито што се одигра на Ванда Метрополитано присуствуваа 60.739 гледачи.
Досега најпосетен женски натпревар во фудбал беше меѓу Тигрес и Монтереј на кој имаше 51.211 гледачи. Третиот натпревар на таа „топ листа“ е дуелот на Сан Мамес меѓу Атlетиk Билбао и Атлетико Мадрид што се играше во јануари – 48.121 гледач.
На натпреварот Челзи – Арсенал за Купот на Англија имало 45.123 гледачи. Во топ-5 е и натпреварот во Мексико меѓу женските тимови на Тигрес и Америка на кој присуствувале 41.121 гледач. зш/