Атлетичарот Пандев 33-ти на ЕП во сала во Прага

Од:

Македонскиот атлетичар Ристе Пандев денеска настапи во квалификациите во трката на 60 метри на Европското првенство во сала што се одржува во Прага и го подели 33. место со Тамаш Бенко од Словачка. Тој постигна време од 6.91 секунда, што е негов најдобар резултат сезонава во сала.

Пандев претходно имаше истрчано 6.99 секунди во Истанбул, додека неговиот најдобар резултат е 6.86 секунди и го истрча во Маглинген. Вчера во квалификациите на 400 метри кај жените настапи Христина Ристеска и го освои 28. последно место.

Пандев и Ристеска беа македонските претставници на ЕП во сала во Прага.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта