Атланта поуспешна од Хјустон и покрај негативата од 18 поени

Од:

Кошаркарите на Атланта остварија нова важна победа во борбата за првата позиција во плеј-офот откако ноќеска пред своите навивачи го победија Хјустон со 104:96.

Во финишот на првиот дел Хјустон имаше водство од 57:39, но Атланта со тројката на најефикасниот Џеф Тиг (25 поени) на 4:24 минути до крајот поведе со 91:90.

Во редовите на Хјустон поради казна (еден натпревар) не настапи Џејмс Харден.

Иако беше најавено дека поради повреда нема да игра Перо Антиќ, тој беше во составот и постигна три поени.

На другите НБА дуели беа постигнати следниве резултати: Њујорк – Сакраменто 86:124, Шарлот – ЛА Лејкерс 104:103, Кливленд – Бостон 110:79, Чикаго – Вашингтон 97:92, Мемфис – Јута 82:93 и Денвер – Милвоки 106:95.

Пласман Источна конференција: Атланта 48-12 (победи-порази), Торонто 38-22, Чикаго 38-23, Кливленд 38-24, Вашингтон 34-27, Милвоки 32-28, Мајами 26-33, Бруклин 25-33, Шарлот 25-33,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 46-12, Мемфис 42-17, Хјустон 41-19, Портланд 39-19, ЛА Клиперс 40-21, Далас 40-22, Сан Антонио 36-23, Оклахома Сити 33-27,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите