Атланта го совлада Кливленд, а Харден со „трипл – дабл“

Од:

Кошаркарите на Атланта ноќеска постигнаа нова победа откако пред своите навивачи го совладаа Кливленд со 106:97, додека играчот на Хјустон Џејмс Харден дуелот со Детроит го заврши со „трипл – дабл“ (38 поени, 12 скока и 12 асистенции).

Атланта ја доби првата четвртина со 36:19, но на почетокот на последната имаше само два поена предност (81:79) сепак во последната четврина успеа да се избори за победата. Шест играчи кај Атланта имаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше играчот на Кливленд Кајли Ирвинг со 20 поени, а Леброн Џејмс постигна 18.

Резултати на ноќешните натпревари: Атланта – Кливленд 106:97, Шарлот – Торонто 103:94, Индијана – Чикаго 98:84, Орландо – Сакраменто 119:114, Филаделфија – Јута 83:89, Вашнгтон – Мајами 99:97, Бруклин – Феникс 100:108, Хјустон – Детроит 103:93, Мемфис – ЛА Лејкерс 97:90, Њу Орлеанс – Бостон 98:104, Сан Антонио – Денвер 120:111, Голден Стејт – Далас 104:89.

Пласман Источна конференција: Атланта 49-12 (победи-порази), Чикаго 39-24, Торонто 38-24, Кливленд 39-25, Вашингтон 35-27, Милвоки 32-29, Шарлот 27-33, Индијана 27-34,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 48-12, Мемфис 44-17, Портланд 41-19, Хјустон 42-20, ЛА Клиперс 40-22, Далас 40-24, Сан Антонио 38-23, Оклахома Сити 34-28,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите