Атланта го доби и Мајами, без Перо Антиќ

Од:

Кошаркарите на Атланта ја остварија и четвртата победа во низа, откако синоќа во драматичен натпревар го победија Мајами на гостински терен минимално со 93:91.

Пол Милсап со 22 поени ги предводеше „Хоукси„ до 47-та победа сезонава. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ не беше во составот на Атланта, а не настапија нити Џеф Тиг и Ал Хорфорд. На спротивната страна 22 поени постигна Двејн Вејд.

На останатите натпревари одиграни ноќеска постигнати се овие резултати: Вашингтон – Детроит 99:95, Њујорк – Торонто 103:98 , Минесота – Мемфис 97:101 , Далас – Бруклин 94:104, Феникс – Сан Антонио 74:101 и Јута – Милвоки 82:75.

Вечерва ќе се одиграат осум натпревари. Од кои во 19 часот стартува средбата Чикаго – Лос Анџелес Клиперс, додека во терминот од 21 часот и 30 минути закажан е почетокот на натпреварот меѓу Хјустон и Кливленд.

Пласман Источна конференција: Атланта 47-12 (победи-порази), Чикаго 37-22, Торонто 37-22, Кливленд 37-23, Вашингтон 34-26, Милвоки 32:27, Мајами 25-33, Бруклин 25-33, Индијана 24-34,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 45-11, Мемфис 42-16, Хјустон 40-18, Портланд 38-19, ЛА Клиперс 38-21, Далас 39-22, Сан Антонио 36-23, Оклахома Сити 32-27…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите