Премиерлигашот Астон Вила е најголем кандидат за нов клуб на голманот на Манчестер јунајтед, Серхио Ромеро, пренесува „The Athletic“.
Според изворот, Евертон исто така покажува интерес за 33-годишниот Аргентинец, но „црвените ѓаволи“ планираат да го искористат Ромеро како дел од договорот за трансфер на играчот за врска на Астон Вила, Џек Грлиш.
Во сезоната 2019/20, Ромеро забележа 17 настапи за Манчестер јунајтед и прими 12 гола. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на голманот на 2,8 милиони евра.