Асмир Беговиќ на добар пат да заигра во Манчестер Јунајтед

Од:

Голманот на Стоук, Асмир Беговиќ е на добар пат во летниот преоден рок да го напушти својот сегашен клуб, но демантира дека веќе постигнал договор со Манчестер Јунајтед.

Беговиќ е еден од најстандардните голмани во Премиер лигата, и наскоро ќе го запише својот 100-ти настап во тоа натпреварување. Беговиќ во Стоук дојде пред три години од редовите на Портсмут.

Голманот на Стоук се поврзува со двата клуба од Манчестер. Јунајтед бара замена за Де Геа, кој не ги задоволи вкусовите на Фергусон, додека пак „Граѓаните“ бараат замена за Џо Харт кој е неприкосновен на „Итихад“.

„Прочитав во веснците, велат дека сум потпишал во Јунајтед. Сакам да кажам дека сеуште ништо не сум одлучил“- изјавил Беговиќ.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска