Поранешниот светски рекордер, Асафа Пауел триумфираше во трката на 100 метри на вториот митинг во Дијамантската лига, кој се одржа во Шангај.
Лошото време ги оневозможи натпреварувачите да постигнуваат добри резултати па така спринтерот од Јамајка патеката ја мина за 10,2 секунди. Втор на целта пристигна Мајк Роџерс, а трет беше Неста Картер.
На 800 метри најбрз беше Кениецот, Леонард Косенча додека на 110 метри со пречки триумфираше миленикот на домашната публика, Лиу Ксианг со време од 12 секунди 97 стотинки. Второто и третото место им припадна на Американците, Дејвид Оливер и Џејсон Ричардсон.
Кај дамите најголемо внимание предизвика трката на 200 метри во која триумфираше Вероника Кембел Браун од Јамајка пред Американката, Кармелита Џетер. На 400 метри најбрза беше Новлен Вилијамс, а на 1500 метри првото место и припадна на Гензебе Дибаба од Етиопија.
Следниот митинг од серијата ќе се одржи на 31 мај на Олимпискиот стадион во Рим.