Аршавин најскапо платен фудбалер на светот !?

Од:

Русинот Андреј Аршавин ќе стане најскапо платениот фудбалер на светот, најавуваат руските медиуми.

Аршавин кој по повеќегодишен престој во лондонски Арсенал сега е слободен играч, се очекува да потпише договор со тимот на Хазар Ланкаран од Азербејџан.

Конкретната сума за неговиот потпис на договорот со овој клуб не е објавена, но затоа руските медиуми веќе побрзаа да објават дека Аршавин ќе биде најскапиот платен фудбалер во светот, односно дека тој месечно ќе заработува 400 илјади евра повеќе од најдобриот светски фудбалер Лионел Меси.

Ваквата информација нема многу да ги изненади познавачите на фудбалските прилики во светот, имајќи предвид колкава сума во изминативе неколку дена потроши повратникот во француската Лига 1 тимот на Монако.

Останува отворено прашањето, дали овој транфвер ќе се реализира.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска