Англискиот премиерлигаш Арсенал во летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира извонредниот голман на Челзи Петар Чех
Веќе пет години по заминувањето на Јенс Леман во 2008 менаџерот на Арсенал Арсен Венгер е во потрага по искусен и потврден голман. На голот на тимот од Емирати се менуваа Алмуниа, фавијански, Маноне и Счесни но ниту еден од нив не ги задоволи барањата на Венгер.
Токму поради тоа „топџиите“ од Лондон составија листа од шест голмани меѓу кои би требало да се бара „единицата“ на Арсенал.
Покрај Петар Чех на оваа листа се и Ворм (Свонси), Реина (Ливерпул), Валдес (Барселона), Беговиќ (Стоук) и Адлер (Хамбургер).
Искусниот Чех веќе девет сезони е незаменлив на голот на Челзи, каде пристигна во 2004 од францускиот Рен.
„Дејли Мејл“ меѓу другото наведува дека Челзи веќе има голман за иднината , а тоа е 20 годишниот Белгијанец Тибо Куртоа, кој во моментов како позајмен играч е прв голман на Атлетико Мадрид.