Арсенал во јануари ја прочистува соблекувалната

Од:

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, обелодени денеска дека приоритет на клубот во претстојниот зимски преоден рок ќе биде да се ослободи од вишокот фудбалери.

– На некои позиции во тимот имаме премногу играчи. Некои од нив ќе бидат позајмени, а некои ќе заминат за постојано. Тоа е нашиот приоритет. Дури тогаш ќе имаме увид на кои места во екипата ќе ни бидат потребни засилувања, изјави Артета на конференцијата за новинари пред утрешното гостување кај Вест Бромвич Албион.

Договорот на најскапо платениот фудбалер на лондонскиот премиерлигаш Месут Озил истекува идното лето, а според британските медиуми, пред заминување од клубот се и Шкодран Мустафи и Сеад Колашинац.

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ