Екипата на Арсенал со пресврт стигна до пехарот во ФА купот откако по водството на Хал од 2:0 постигна победа од 3:2. Со овој триумф „топџиите“ ја прекинаа серијата од девет години без трофеј.
Натпреварот на стадионот „Вембли“ во Лондон не почна добро за победникот бидејќи екипата на Хал со головите на Џејмс Честер (4.минута) и Куртис Дејвис (8) поведе со 2:0. Арсенал во првиот дел преку Санти Казорла (17) намали на 2:1. Изедначувањето за „топџиите“ го донесе играчот од одбраната Лорен Кошчиелни (71). Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, па следуваа продолженијата.
Избраниците на менаџерот Арсен Венгер до победата од 3:2 стигнаа во 109.та минута со голот на Арон Рамзи.
За Арсенал ова е 10.ти трофеј во ФА купот, додека за Хал ова беше прво финале во ова натпреварување.