По неколкуте најави за трансфер од Манчестер Јунатед, „Топџиите“ од Лондон се првите кои испратија официјална понуда до Вејн Руни.
Арсенал издвои 20 милиони фунти за Руни кој и понатаму тврди дека останува на „Олд Трафорд“. Челниците на Манчестер подготвуваат намалување на платата за Руни па Арсенал тука ја гледа шансата англискиот репрезентативец да ја прифати нивната понуда.
Ове е една од ретките понуда на Арсенал за некое звучно име во последната деценија во која клубот имаше политика да купува помалку познати и ефтини фудбалери, но долгите години без трофеј и добрата финансиска состојба во клубот придонесе менаџерот Арсен Венгер да ја смени политиката.
Според него, Руни има уште многу што да прикаже во англискиот фудбал и дека тој е играчот кој може да го повлече Арсенал кон серија успешни резултати.