Фудбалерот на премиерлигашот Арсенал, Давид Луис, ќе отсуствува од тимот следните неколку недели, откако на бразилскиот интернационалец денеска му беше извршена полесна операција на десното колено, соопшти лондонскиот клуб.
Луис поради проблеми со коленото го пропушти вчерашниот натпревар против Ливерпул и поразот од 3:0 од актуелниот англиски првак.
-Процедурата беше успешно извршена и Давид закрепнува во домашни услови. За неколку денови ќе се врати во тренинг центарот каде ќе ја извршува рехабилитацијата под надзор на клупските лекари, јави телевизијата „Скај“.