Премиерлигашот Арсенал доби негативен одговор од Ливерпул за понудата од 30 милиони фунти Луис Суарез да премине во редовите на „Топџиите“.
Ливерпул настојува да го задржи уругвајскиот репрезентативец и покрај неговата јавно искажана желба дека сака да го напушти „Енфилд“, а за евентуален предвремен раскин на договорот, за Суарез одредена е откупна клаузула од 40 милиони фунти.
26-годишниот Уругваец од 2011 година е член на Ливерпул, а претходно има настапувано за Ајакс, Гронинген и Национал.