Дербито на 24.коло на Премиер лигата меѓу Арсенал и Ливерпул што синоќа се одигра на „Емирати“ заврши без победник 2:2 иако гостите водеа со 2:0.
Резултатот во 5.минута го отвори Луис Суарез со неговиот 17.гол во шампионатот, а во 60.минута Џордан Хендерсон по вторпат ја затресе мрежата на Арсенал. Но, домаќинот брзо се созема од шокот и за три минути изедначи со головите на Оливе Жеру (65.минута) и на Тео Волкот (67.минута).
Со ист резултат, 2:2 заврши и натпреварот Рединг – Челзи. „Сините“ од Лондон до пред крајот водеа со 2:0, но Рединг преку Адам Ла Фондре со головите во 87. и 90+4.минута го избегна поразот.
На другите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Евертон – ВБА 2:1, Норвич – Тотенхем 1:1, Фулам – Вест Хем 3:1, Манчестер Јунајтед – Саутемптон 2:1, Астон Вила – Њукасл 1:2, КПР – Манчестер Сити 0:0, Стоук – Виган 2:2 и Сандерленд – Свонси 0:0.
Табела: Манчестер Јунајтед 59 бодови, Манчестер Сити 52, Челзи 46, Тотенхем 42, Евертон 41, Арсенал 38, Ливерпул 35,…