Фудбалерите на “Арсенал” ја слават втората победа во 2020 година.
Низата од три порази ја прекинаа попладнево на „Емирати“ со триумф над “Њукасл” со 4:0 и со новите три освоена бода се доближија до позициите на табелата кои водат во Европа за наредната натпреварувачка сезона.
Но, воведните 45 минути не навестуваа таков крај во дуелот меѓу “Арсенал” и “Њукасл”. Голови немаше, па многумина на трибините се подготуваа во паузата за уште една претстава без хепиенд од нивните миленици.
Меѓутоа продолжението предизвика „експлозија“ од воодушевување во гледалиштето.
Обамејанг и Пепе во само три минути ги натераа гостите двапати да тргнат од центарот на теренот за убедливи 2:0 за “Арсенал” по 57 минути игра.
Предноста беше удвоена во финишот со погодоците на Езил во 90’ и на Лакзает во петтата од судиското надополнување за конечни 4:0 на „Емирати“ во Лондон.
Во првиот денешен дуел во Премиер лигата, “Тотенхем” со голот на Сон во самиата завршница, ја совлада “Астон Вила” со 3:2.