Напаѓачот на Вест Хам, Марко Арнаутовиќ сподели дека сака да ги напушти „чеканите“, бидејќи има желба да освојува трофеи, а тоа не му оди од рака откако пристигна на „Олимпискиот стадион“ во Лондон.
Сепак, 29-годишниот австриски репрезентативец импресионира во дресот на Вет Хем по трансферот од Стоук Сити пред 18 месеци, откако во оваа сезона постигна пет гола во 10 средби во Премиер лигата.
– Тој е подготвен да го направи следниот чекор во својата кариера. Неговата желба да го напушти Вест Хем не е водена од ништо друго, туку од желба да направи чекор напред. Веруваме дека сега е вистинскиот момент и водечка е желбата за освојување трофеи. Неговите статистики покажуваат каква класа играч е Марко, изјави братот и агент на офанзивниот фудбалер Даниел Арнаутовиќ.
Австриецот настапуваше како позајмен играч во Интер од Твенте во сезоната 2009/10 година, но одигра само 55 минути за „нероазурите“.
– Зошто да не се вратите во Италија? Тој сака да му докаже на Интер дека тие направија грешка кога го ослободија. Тогаш имаше само 19 години, но остави многу пријатели во Милано и има добри спомени од градот. Марко беше баран од неколку клубови од Англија. Можам да ви кажам дека Челзи и Евертон се едни од нив, но има и други, додаде агентот.
Интер беше заинтересиран за напаѓачот на Вест Хем во текот на летото, но не постигна договор со него.