Аргентинските хулигани најавуваат „војна“ со англиските навивачи во Бразил

Од:

Полицијата во бразилскиот град Бело Хоризонте, каде ќе се наоѓа базата на фудбалската репрезнтација на Аргентина, за време на Мундијалот и каде ќе се игра мечот меѓу Аргентинците и Англичаните, предупреди на заканата од жестока пресметка меѓу двете навивачки групи.

Полицијата има сознанија дека околу илјада припадници на најмилитантната група на аргентински навивачи хулгани-„Барас Бравас“ се подготвуваат да допатуваат во Бело Хоризонте, каде ќе ги сочекаат во заседа англиските навивачи и потоа ќе ги нападнат.

Претставник на полицијата изјави дека Аргентинците прават сојузништво со бразилските „Ултраши“ за да заеднички ги нападнат Англичаните.

Бразилската ултрашка група „Мафиа Азул“ има изнајмено ранч во близината на Бело Хоризонте, каде ќе кампуваат и ќе се одмараат стотина аргентински хулигани, сите дел од навивачката „армија“ на аргентинскиот фудбалски клуб „Сан Лоренцо“.

Бразилската „Мафиа Азул“ е поврзана со домашната екипа „Крузеиро“ која е актуелен лидер на бразилската фудблска лига. Оваа навивачко-хулиганска дружина има забранет влез во низа бразилски стадиони, по серијата насилни пресметки со противничките навивачи во кои има десетици убиени.

Претставнк на воената полиција во Бело Хоризонте, за локалниот весник „Естадо де Минас“ изјави дека аргентинските и бразилските хулигани се подготвуваат да се пресметаат со Англичаните, уште кога тие ќе допатуваат во овој бразилски град.

Полициите на градот веруваат дека лесно ќе се справат со оние Аргентинци кои ќе дојдат со авион, на тој начин што веднаш ќе ги враќаат назад, но главнината од аргентинските навивачи до овој град ќе патува со автомобили и автобуси, каде многу потешко ќе може да ги запрат.

За натрпреварот Аргентина и Англија ќе има и најмалку 7,5 илјади англиски навивачи.

„Барас Бравас“ важи за најнасилната навивачка група во Аргентина, но и во светот, затоа што за нејзините ннциденти и тепачки, во изминатие 20 години, се врзуваат преку 120 убиства.

Бразилските безбедносни власти стравуваат дека аргентиски хулигани може да го искористат фудбалот и Мундијалот, за политичка пресметка со Англичаните, одмаздувајќи им се за поразот и жртвите во Фокландската војна, во 1982 година.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска