Аргентина по продолженија во четвртфиналето

Од:

Аргентина е седмата репрезентација која обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство во Бразил.

На претпоследниот осминафинален меч на Мундијалот одигран попладнево во Сао Пауло, Аргентина ја совлада Швајцарија со 1:0 дури по продолжението откако натпреварот во регуларните 90-минути заврши без голови.

Стрелец на победничкиот голо за „Гаучосите„ вреден четвртфинале беше Анхел ди Марија во 118-минута.

Кој ќе биде противник на Аргентина во четвртфиналето ќе биде познато вечерва откако од 22 часот, во последниот натпревар од осминафиналето ќе играат Белгија – САД.

Потсетување, на останатите три четвртфинални парови: Бразил – Колумбија, Холандија – Коста Рика и Франција – Германија.

Утре и задутре на првенството е слободен ден, а натпреварите за влез меѓу четирите најдобри ќе се играат во петок и сабота.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска